167
Во Вила Гереро (Мексико), невеста била уапсена поради изнуда, на денот на нејзината венчавка, пишува Sky News.
Фотографирана е со лисици во венчаницата, опкружена од полиција.
Жената, идентификувана од државните обвинители само како Ненси Н, не стигнала ни во црквата. Полицајците ја пресретнале за време на церемонијата, кога излегувала од возилото пред црквата.
Младоженецот, именуван во медиумите како Клементе Н, со прекар Ел Ратон бил баран по истите обвиненија, но успеал да побегне.
Двојката и уште неколку учесници беа обвинети за изнуда на пари од трговци со пилешко во Толука, во близина на Мексико Сити.
Освен тоа, постои сомнеж дека од месарницата киднапирале четворица работници.
Полициската истрага продолжува.