Скопскиот локал Бифе Тафталиџе воодушеви со својот хуман гест. Имено, како што информираат од таму, од денес, па до сабота важи ново правило.
Сите кои ќе порачаат Лаваца кафе, треба да испратат СМС порака на телефонските броеви за донации за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија, и со тоа кафето им е платено.
-Бројот е 143-400 (Телеком и А1). Повикот е 100 денари. Доаѓаш, пиеш Лаваца кафе во Бифе или напред, на тераса, праќаш СМС и кафето е платено. Толку можете – толку можеме.
Биди човек во живо, не на Фејсбук – порачаа од локалот, лоциран на Партизански одреди, ТЦ Алуминка.
Гестот наиде на огромна поддршка од јавноста, како одличен пример дека треба да се најде начин конкретно да се делува и да се помогне, тогаш кога тоа е најпотребно.
Вики Клинчарова