509
Словачкиот министер за здравство Владимир Ленгварски соопшти дека продавниците, затворени од 25 ноември, повторно ќе бидат отворени в петок. Но, оние кои не се вакцинирани против Ковид-19 или не го прележале, ќе можат да одат само во продавниците што продаваат прехранбени производи.
Рестораните и другите угостителски објекти во кои се служи храна остануваат затворени, пренесува германската агенција ДПА.
Во замена за отворање продавници, сите ученици освен од прво до четврто одделение, од следниот понеделник ќе преминат на онлајн настава.
Премиерот Едуард Хегер го прогласи компромисот за „победа на решителноста и почитта“.
Пред одлуката, четири коалициски партии јавно се расправаа што да направат во борбата против пандемијата.