Netflix ги укинува своите услуги во Русија

by Fokus

Нетфликс ги укинува сите свои услуги во Русија како одговор на руската инвазија на Украина, се вели во соопштението на компанијата.

Со оглед на околностите на теренот, решивме да ги прекинеме нашите услуги во Русија“, рече портпаролот.

Нетфликс има повеќе од милион корисници во Русија, а новите корисници нема да можат да се регистрираат, иако не е јасно какво влијание може да има овој потег врз постоечките корисници, наведува Блумберг. Нетфликс веќе објави дека привремено ќе ги паузира идните проекти во Русија, објави Variety, истакнувајќи дека услугата за стриминг имала четири руски оригинални проекти во изградба.

Други компании кои го суспендираа или ограничија бизнисот или продажбата во Русија се: Икеа, Епл, Мајкрософт, ТикТок, Мастеркард и Виза, Боинг, Најк, Фолксваген…

Поврзани новости