Нетфликс го откажа серијалот осмислен од Меган Маркл

by Fokus

Нетфликс го откажа развојот на анимираната серија „Бисер“ (Pearlсоздадена од Меган, војвотката од Сасекс, што ги означи најновите мерки за штедење откако компанијата објави разочарувачки прв квартал.

Откажувањето е дел од стратешките одлуки на Нетфликс за анимираните серии, изјавија од компанијата за CNBC. „Бисер“ кој беше најавен минатата година е еден од неколкуте проекти што треба да се напуштат.

Од компанијата велат дека ќе продолжат да работат со Арчевел продукција, војводата и војвотката од Сасекс на голем број проекти. Продуцентската куќа потпиша повеќегодишен договор со Нетфликс 2020 за снимање документарни, играни филмови, сценаристички емисии и детски програми.

Нетфликс се соочи со притисок бидејќи повеќе конкуренти влегуваат во просторот и се борат за времето на корисникот. Компанијата потроши милијарди на својата содржина.

Во последниот квартал, компанијата го пријави својот прв пад на корисници претплатници по повеќе од една деценија и предупреди на претстојните проблеми. Финансискиот директор на Нетфликс, Спенсер Нојман, рече дека компанијата „повлекува“ дел од своите трошоци за филмови и ТВ-серии за да помогне во растот на приходите.

Откажувањето на „Перл“ доаѓа откако Нетфликс наводно отпуштил непознат број вработени на својата забавна страница.

Поврзани новости