931
Нетфликс ги исклучи коментарите на трејлерот за документарниот филм „Кралицата Клеопатра“ по острата реакција на интернет. Документарецот наиде на бројни критики затоа што Клеопатра ја игра афро-американска глумица.
Корисниците на социјалните мрежи коментираат дека не може египетската фараонка да се претстави како да има подсахарско потекло, кога Клеопатра потекнува од грчка Македонија.
„Клеопатра ја глуми црна Египќанка што е апсурдно, кога таа била грчка Македонка, последна кралица на птоломејската династија“, стои во еден коментар.
Премиерата на документарецот е на 10-ти мај.