Нетанјаху: Војната нема да заврши сè додека Хамас е на власт

by Fokus

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху денеска ги критикуваше анонимните извори во израелската армија кои за „Њујорк тајмс“ изјавија дека израелското воено раководство сака прекин на огнот во Појасот Газа дури и во случај Хамас да остане на власт.

– Не знам кои се тие анонимни извори, но јас сум тука за недвосмислено да кажам: Тоа нема да се случи. Ќе ја завршиме војната кога ќе ги постигнеме нашите цели, вклучително и елиминација на Хамас и ослободување на сите наши заложници, посочи Нетанјаху.

„Њујорк тајмс“ повикувајќи се на девет анонимни актуелни и поранешни воени функционери, објави дека военото раководство смета дека прекинот на непријателствата е најдобар начин за ослободување на заложниците и обнова на се помалите резерви на оружје и војници на Израел пред можната војна со Хезболах во Либан.

Нетанјаху негира дека на армијата и недостасува нешто за да ги исполни целите поставени од политичкото раководство.

– Израелските одбранбени сили (ИДФ) ги имаат сите средства да ги постигнат (целите). Нема да подлегнеме на дефетизмот на Њујорк тајмс или на другите. Ние сме исполнети со духот на победат, посочи Нетанјаху.

 

Поврзани новости