317
Премиерот на Израел – Бенјамин Нетанјаху вети дека „ќе се бори до победа“ во Газа откако палестинската исламистичка група Хамас ослободи две американски заложнички, објавија странските агенции.
Џудит и Натали Раанан, мајка и ќерка кои беа киднапирани од борците на Хамас на 7 октомври, се првите киднапирани чие ослободување е потврдено од двете страни во конфликтот.
„Двајца од нашите киднапирани се дома. Не се откажуваме од нашите напори да ги вратиме сите киднапирани и исчезнати. Во исто време, ќе продолжиме да се бориме до победа“, изјави ноќеска премиерот Нетанјаху.