Нетанјаху: Тие што не обвинуваат за воени злосторства се лицемери и лажат, ова е втора војна за независност

by Fokus

Tековната копнена операција во Газа е втората фаза од војната со Хамас, порача израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на прес-конференција од Тел Авив.

Tој рече дека дополнителните израелски копнени сили влегле во „упориштето на злото“, со јасни цели – уништување на воените и управувачките способности на Хамас и враќање на заложниците дома. Нетанјаху без да го спомене турскиот претседател Ердоган кој претходно го обвини Израел за воени злосторства, порача дека тие што мислат така се лицемерни и лажат.

„Секој што ќе се осуди да ги обвини нашите трупи за воени злосторства е лицемерен и лажго. ИДФ е најморална војска во светот. Прави се што може за да не ги повреди тие кои не се вмешани. Нашиот непријател нема граници, спроведува воени злосторства, ги користи жителите на Газа како „жив штит“.

Осврнувајќи се на поддршката што тој вели дека му била дадена од сојузниците од Западот и арапскиот свет, заклучи дека ова ќе биде долга и тешка војна, во која Израел ќе победи”, вели Нетанјаху.

Поврзани новости