Нетанјаху тајно ги посети Обединетите Арапски Емирати

by irena 22:40
22:40

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги посети Обединетите Арапски Емирати и тајно се сретна со шеикот Калифа бин Зајед ал-Нахјан за време на војната со Иран, објави Ројтерс.

Агенцијата пренесува соопштение од канцеларијата на израелскиот премиер дека резултатот од состанокот е „историски пробив“ во односите меѓу Израел и Емиратите. Соопштението е прва потврда за состанок меѓу Нетанјаху и ал-Нахјан.

ОАЕ е една од ретките арапски држави кои имаат дипломатски односи со Израел. Тие беа воспоставени во 2020 година со Абрахамовите договори, потпишани меѓу Израел и неколку арапски држави.

Тоа беше значаен успех во надворешната политика на Бенјамин Нетанјаху и американскиот претседател Доналд Трамп за време на неговиот прв мандат.

Слични вести