Израелскиот премиер со најдолг стаж, Бенјамин Нетанјаху, изјави дека обезбедил договор за формирање нова влада по неколкунеделни неочекувано тешки преговори со верските и екстремно десничарските коалициски партнери.
„Успеав“, напиша Нетанјаху синоќа на Твитер, неколку минути пред крајниот рок на полноќ што го постави израелскиот претседател Исак Херцог.
Портпаролот на Херцог потврди дека е примено известувањето на Нетанјаху.
-Благодарaм на огромната јавна поддршка што ја добивме на последните избори, успеав да направам влада која ќе работи за доброто на сите израелски граѓани, напиша подоцна Нетанјаху.
Нетанјаху, лидерот на партијата Ликуд и поранешен премиер, и неговиот десничарски блок на изборите освоија 64 места, мнозинство од 120, а тој го доби мандатот да ја формира новата израелска влада.