Нетанјаху: Ние ги избравме целите во Иран, а не Америка

by Fokus

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел ги избрал целите што ги нападнал во Иран врз основа на неговите национални интереси, а не она што го диктираат САД.

Канцеларијата на Нетанјаху издаде соопштение како одговор на, како што наведе, целосно лажниот извештај на локалната телевизија дека Израел одлучил да не ги таргетира иранските гасни и нафтени постројки поради притисокот на САД, пишува „Џерусалим пост“.

„Израел однапред ги избра целите за напад според неговите национални интереси, а не според (она што го диктираат САД). Така беше и така ќе биде“, се вели во соопштението на Нетанјаху.

Израелската армија синоќа го нападна Иран, а за време на нападот, кој траеше пет часа, мета беа 20 цели во таа земја, а загинаа четворица војници.

Серија експлозии се слушнаа во околината на Техеран веднаш откако израелската војска објави дека се водат напади врз воени цели во Иран како одмазда за нападот на Иран врз Израел на 1 октомври.

Поврзани новости