По средбата со семејствата на Израелците кои ги милитантната група Хамас ги држи како заложници во Газа, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја истакна својата посветеност за обезбедување на нивното ослободување, нарекувајќи го „света и врвна мисија”.
„Нема да се откажеме додека не се вратат, а тоа е одговорност на мене и на воениот кабинет. Слушав за болката на семејствата. Разговаравме искрено. Споделив со нив колку што можев повеќе за дипломатските, разузнавачките и оперативни напори што ги спроведуваме дење и ноќе“, рече тој, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Нетанјаху додаде дека за заложниците размислува „цело време“.
„Нема да престанеме да се бориме додека не ги донесеме нашите заложници дома, додека не го уништиме Хамас и обезбедиме дека повеќе нема да има закана од Газа“, рече Нетанјаху.