Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека нападот на Хамас на 7 октомври е само дел од планот за напад на Израел, но дека целата операција е во режија на Иран.
Во разговор со родителите на војниците на израелската армија, Нетанјаху зборувал за настаните од 7 октомври и рекол дека нападот требало да се координира од повеќе правци, пишува Тајмс оф Израел.
„Откривме дека лидерот на Хамас, Јахја Синвар едноставно отвори оган прерано. Иран планираше напад од Газа, Либан, Западниот Брег и Јордан. Требаше да има симултана копнена инвазија и масовен ракетен истрел. Стотици илјади проектили, ракети и дронови“, рече тој.
Нетанјаху смета дека планот на Техеран не бил да го избрише Израел како идеја.
„Планот беше да се уништи Израел како држава, да се освои“, рече Нетанјаху. Тој додаде дека нападот што Иран го започна подоцна врз Израел всушност требаше да биде извршен на 7 октомври.