Нетанјаху му порача на Шолц:„Нема да има операција во Рафах додека се таму луѓето“

by Fokus

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му рекол на германскиот канцелар Олаф Шолц дека Израел нема да започне воена операција во Рафах, во јужниот дел на Појасот Газа, се додека луѓето се во областа.

„Започнувањето на операцијата во Рафах „не е нешто што ќе го направиме со тоа што ќе ги оставиме луѓето во областа. Ќе го направиме токму спротивното“, рече Нетанјаху, во време кога меѓународната заедница стравува од таков напад врз градот каде што речиси 1,5 милиони Палестинци имаат засолниште.

Нетанјаху рече дека меѓународниот притисок нема да го спречи Израел да започне офанзива врз Рафах.

„Ниту еден меѓународен притисок нема да не спречи да ги постигнеме сите цели на нашата војна против Хамас“, рече тој на почетокот на владиниот состанок, се наведува во соопштението за печатот.

„Ќе дејствуваме во Рафах, ќе бидат потребни неколку недели и тоа ќе се случи“, додаде тој.

Поврзани новости