179
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел нема да мирува додека не ги пронајде одговорните за убиството на шестмината заложници на Хамас чии тела беа пронајдени во Појасот Газа, додавајќи дека „кој убива заложници, не сака договор“.
Тој нагласи дека Израел е посветен на постигнување договор за ослободување на преостанатите заложници и зачувување на безбедноста на државата, пренесува Ројтерс.
„Тој што убива заложници не сака договор“, изјави израелскиот премиер.
Израелската армија претходно објави дека во тунел во областа Рафа, во Појасот Газа, биле пронајдени телата на шестмината заложници, киднапирани од Хамас на 7 октомври минатата година.