Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја напушти денешната седница на владата за да разговара со рускиот претседател Владимир Путин, изјави портпаролот на израелскиот премиер.
Нивниот разговор траеше 50 минути, а се случува во време кога има тензии на релација Москва-Тел Авив поради руските антиизраелски ставови, објави Тајмс оф Израел.
Првиот заменик постојан претставник на Русија во Обединетите нации, Дмитриј Полјански, на седницата на Советот за безбедност на ОН оваа недела рече дека Израел ќе изврши воено злосторство доколку ги поплави тунелите во Газа.
– Воените злосторства се во пораст. Во последните денови имаше вознемирувачки информации дека Израел планира со морска вода да ги поплави подземните објекти во Појасот Газа – рече Пољански.
Повикувајќи се на свои извори, тој изјави дека припадниците на израелската армија веќе изградиле систем на пумпи и цевки во кои ќе ја црпат морската вода и дека во тој план се вклучени и Соединетите Американски Држави.