Нетанјаху: Израел нема да плати никаква цена за ослободување на заложниците од Газа

by Fokus

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за финансии Безалел Смотрич рекоа дека нема да платат никаква цена за враќањето на заложниците кои се уште ги држи Хамас во Газа.

Смотрич изјави за Кан радио дека враќањето на 134-те заложници е „многу важно“, но дека тие не можат да бидат ослободени „по секоја цена“.

Според него, начинот за ослободување на заложниците е да се зголеми воениот притисок во Газа и да се победи Хамас, пренесува Ројтерс.

Изјавата на Смотрич предизвика критики од лидерот на опозицијата Јаир Лапид и министерот Бени Ганц, како и гнев кај семејствата на киднапираните, наведува британската агенција.

Набргу по радио интервјуто на Смотрич, кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху објави соопштение во кое ја појасни неговата позиција.

„Има голем притисок врз Израел дома и во странство да ја прекине војната пред да ги постигнеме сите наши цели, вклучително и договор за ослободување на заложниците по секоја цена. Не сме подготвени да платиме никаква цена, особено не онаа која што Хамас ја бара од нас, што би значело пораз на државата Израел“, рече Нетанјаху.

Поврзани новости