Нетанјаху има нов услов за прекин на огнот во Газа: „Единствената одговорност е на Хамас“

by Fokus

Израел нема да го продолжи процесот на запирање на војната во Газа додека не добие список од 33 заложници кои Хамас треба да ги ослободи во првата фаза од договорот, изјави во саботата израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

„Нема да продолжиме со договорот додека не добиеме список на заложници кои ќе бидат ослободени, како што е договорено. Израел нема да толерира никакво прекршување на договорот. Единствена одговорност е на Хамас“, рече Нетанјаху.

Израелската влада го одобри договорот со палестинската милитантна група Хамас за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Појасот Газа, соопшти кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху, еден ден пред да стапи на сила договорот.

Во раните утрински часови, по седницата која траеше повеќе од шест часа, владата го ратификуваше договорот што може да го отвори патот за крај на 15-месечната војна во палестинската енклава под контрола на Хамас.

Египет, еден од посредниците за постигнување прекин на огнот, денеска објави дека Израел во првата фаза ќе ослободи 1.890 палестински затвореници во замена за 33 израелски заложници кои ги држеше Хамас.

Шестнеделниот прекин на огнот треба да стапи на сила утре, кога ќе се одржи првата од серијата размени.

Поврзани новости