Откако американскиот претседател Џо Бајден го предупреди Израел дека ќе ја загуби глобалната поддршка со сегашниот состав на владата, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху директно му одговори, велејќи вечерва дека во САД има широка поддршка за израелската влада.
– Од почетокот на војната водам дипломатска кампања со цел да се спротивставам на притисокот за предвремен прекин на војната, а во исто време да добијам поддршка за Израел, рече Нетанјаху, објави „Тајмс оф Израел“.
Тој додаде дека неговата земја има „суштинска поддршка во оваа област“, наведувајќи дека истражувањето на Агенцијата Харвард Харис објавено во понеделникот покажало дека 82 отсто од американскиот народ го поддржуваат Израел во војната против палестинскиот Хамас.
– Ова ни дава нов извор на сила да ја продолжиме нашата војна против Хамас до целосна победа, рече Нетанјаху.