49
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа ја поздрави одлуката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес да го одобри пакетот странска воена помош, од кои 26,38 милијарди долари ќе бидат наменети за Израел.
Нетанјаху рече дека гласањето на демократите и републиканците покажало „силна двопартиска поддршка за Израел и одбраната на западната цивилизација“.
„Ви благодарам пријатели, ви благодарам Америка“, рече Нетанјаху, објави „Тајмс оф Израел“.
Двопартиското мнозинство во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес синоќа усвои предлог-закон со кој на Украина, Израел и американските сојузници во Индо-пацифичкиот регион им се обезбедуваат дополнителни финансиски средства во износ од вкупно 95 милијарди долари.