Нетанјаху е одговорен што не го спречил нападот на Хамас – сметаат Израелците

by Fokus

Голем број од Израелците веруваат дека нивниот премиер Бенјамин Нетанјаху е одговорен за неуспехот да се спречи нападот на Хамас. Тоа го покажуваат резултати од анкетата на јавното мислење објавена денеска.

Според неа, дури 80 отсто од Израелците веруваат дека Нетанјаху треба да ја преземе одговорноста за безбедносните пропусти откриени со нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, покжуваат истражувањето на „Маарив“.

Началникот на Генералштабот на армијата, шефот на военото разузнавање и шефот на разузнавачката служба Шин Бет признаа дека нивните служби не успеале да го спречат нападот, во кој загинаа околу 1.400 Израелци во најсмртоносниот ден во 75-годишната историја на Израел.

Дури и меѓу гласачите во владејачката Ликуд на Нетанјаху, високи 69 отсто веруваат дека тој треба да преземе одговорност за она што се случи.

48 отсто од анкетираните сметаат дека поранешниот министер за одбрана Бени Ганц би бил подобар премиер во споредба со 28 отсто за Нетанјаху.

Поврзани новости