Нетанјаху е надвор од контрола, треба да биде изведен пред Хашкиот суд, тврди шпанска министерка

by Fokus

Шпанската министерка за социјални права и лидерка на Подемос, Јоне Белара, го коментираше конфликтот меѓу Израел и Хамас.

„Нетанјаху, на чело на државата Израел, е целосно надвор од контрола. Тој ги прогласи ОН за непожелни. Важно е меѓународната заедница да му се спротивстави. Повторувам: економски санкции и ембарго за оружје“, напиша таа на социјалната мрежа X.

Белара потоа објави видео во кое сугерира „четири работи што европските земји би можеле да ги направат денес за да го запрат геноцидот во Палестина“.

„Денес дознавме дека Нетанјаху ги прогласи Обединетите нации за непожелни во Израел. Тоа значи дека персоналот на ОН нема да има визи за патување во таа област“, објави шпанската министерка.

Фото: EPA-EFE/MARISCAL

Поврзани новости