389
Македонските фудбалски репрезентативци од редовите на Палермо, Илија Несторовски и Александар Трајковски поминуваат низ тешки мигови во кариерата, затоа што екипата се наоѓа пред банкрот.
Сицилијанскиот клуб почна да тоне, откако првиот човек на клубот, Маурицио Зампарини е во куќен притвор поради финансиски малверзации и перење пари.
Медиумите од Италија пренесуваат дека состојбата со клубот е загрижувачка и му се заканува згаснување.