Несторовска: Пораст на деца жртви на трговија со луѓе, потребна e поенергична акција

by Fokus

Tрговијата со луѓе не е само кривично дело со елементи на организиран криминал, туку многу повеќе – модерно ропство. Жртвите на трговија со луѓе не се безимени лица, тие се меѓу нас, во нашето непосредно опкружување, честопати очајнички бараат некој да ги спаси од ропството, вели меѓу другото во интервју за МИА, државниот секретар во МВР и национален координатор на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и криумчарење мигранти,  Магдалена Несторовска.

Последниве години се поголем е бројот на домашни жртви на трговија со луѓе, кои се главно сексуално експлоатирани, а идентификувани се и присилни бракови со малолетни лица и трудова експлоатација, подвлекува таа. Потенцира дека особено загрижува и што ја алармира потребата од енергична акција на сите нас е континуираниот пораст на деца-жртви на трговија со луѓе.

Во текот на минатата година со правосилни казни затвор во висина од 1 до 13 години се осудени 50 лица за кривични дела поврзани со трговија со луѓе и илегална миграција. Оваа година откриените случаи на криумчарење мигранти се во пораст за 54,4 проценти при што досега се откриени 88 случаи, при обид да бидат прокриумчарени вкупно 2.700 мигранти.

Во интервјуто Несторовска говори и за опасноста од онлајн обиди за тргување со луѓе, за тоа колку мигрантската криза влијае на зголемување на бројот на лица жртви на трговија, за мерките кои се преземаат во борбата против оваа појава и превенцијата, за тоа што се се прави за рехабилитација на овие лица, кој може да работи со нив во процесот на рехабилитација, за оценките од меѓународниот фактор за тоа како нашата држава се справува во борбата против трговијата со луѓе.

Поврзани новости