249
Најмалку 10 лица се тешко повредени, а вкупно 28 се задржани на лекарска помош по автобуска несреќа во Словачка.
Според информациите, автобусот 54 патници во него се превртел во близина на словачкиот град Кошице.
Портпаролката на службата за итни случаи во Кошице, Петра Климесова, истакна дека во моментов нема извештаи за загинати, пренесува локалната агенција.
„Во автобусот имало 54 патници. На десет пациенти им била укажана прва помош и итно биле пренесени во болниците во Кошице и Требишов. Меѓу нив имало и три деца на возраст од една до 15 години“, рече Климесова.
Таа посочи дека медицинскиот персонал претежно лекувал лица со повреди на главата, стомакот и екстремитетите.