61
Во Штип 63 годишен возач прегазил девојче.
– На 13.05.2024 во 19.10 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Брегалничка“ во Штип, патничко возило „киа“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(63) од Штип, удрило во малолетен пешак од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Клиничката болница Штип – соопштија од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР – Штип.