Несреќа во Франција – дрвен крст падна врз главата на 6-годишно девојче

by Fokus

Шестгодишно девојче починало откако во неделата во градот Ансе и паднал врз глава двометарски дрвен крст, дознава „BFM Lyon“.

Трагедијата се случила за време на велигденската миса, во напуштениот простор каде што се населиле Роми.

Малото девојче си играло во шаторот, каде имало крст, додека возрасните јаделе.

Откако била погодена од крстот, таа се здобила со сериозни повреди од кои подоцна починала во болница, пренесува Телеграф.

Полицијата отвори истрага за убиство од небрежност.

Истрагата продолжува за откривање на точните околности за оваа несреќа.

Поврзани новости