Мајката на Бен Афлек итно е пренесена во болница по несреќата која ја доживеала на имотот на актерот во Џорџија, каде викендов ќе се одржи втората венчавка со Џеј Ло! Џенифер Лопез и Бен Афлек повторно ќе го кажат судбоносното „да“ на луксузна венчавка во Џорџија, но свекрвата на пејачката имала лоша среќа.
Имотот на Афлек покрај реката има голем број скали, пристаништа и тремови, а мајката на актерот паднала од едно од нив и се здобила со сериозна исекотина на ногата.
Пристигнала брза помош и ja однела Крис Ен Болт во болница, а актерот бил фотографиран надвор од локалната болница како нервозно чекори и пуши цигара. За среќа, неговата мајка по укажаната помош била пуштена од болница.
Џенифер Лопез и Бен Афлек веќе се венчаа во Лас Вегас, а викендов имаат втора свадба со уште повеќе гости, пишува „Page Six“.