Несреќа на обиколница во Скопје: Тојота излета од патот, возачот тешко повреден

by Fokus

На 01.07.2024 во 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот – обиколница на град Скопје, во близина на клучката Стајковци, патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(50) од Скопје, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани новости