Несреќа на градилиште во Германија: Има мртви, работници затрупани во урнатините

by Fokus

Најмалку пет работници загинаа во несреќа што се случи утринава на градилиште во германскиот град Хамбург.

Како што пренесува Билд, несреќата се случила околу 9 часот и 10 минути кога скелето се урнало на неколку ката, при што биле затрупани најмалку осум работници.

Од големото градилиште во моментов се евакуираат околу 700 градежни работници.

На терен се неколку возила на брза помош и болничари.

Поврзани новости