Несовесни тиквешани предизвикале пожар откако запалиле корења од домати

by Фокус

Несовесни тиквешани предизвикале пожар во Рибарци откако биле запалени корења од домати.

Оваа информација попладнево ја потврдија од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци, напоменувајќи дека пожарникарите интервенирале на терен и пожарот бил ставен под контрола. Случајот бил пријавен во МВР.

-Активен е пожарот во росоманското село Рибарци, кој е под контрола. Пожарот првично е намерно запален за да изгорат корења од патлиџани, но излегува од контрола, појаснија од противпожарната служба.

Поврзани новости