Руската веб-страница rucriminal.info, веб-страница која се обидува да ја открие корупцијата и тајните тактики што ги користи московската елита – тврди дека летот на авионот на Пригожин бил одложен пред полетувањето поради „технички проверки“, додавајќи ги шпекулациите дека авионот бил цел на бомба.
Веб-страницата тврдеше дека Кристина Распопова – стјуардеса во авионот на Пригожин – му кажала на своето семејство пред полетувањето дека летот е одложен поради технички проблеми и дека тимот врши поправки.
Стјуардесата Распопова (39) му се пожалила на семејството за доцнењето на летот.
Кристина посочила дека авионот бил „поправен“ пред летот. Телеграмскиот канал „ВЧК-ОГПУ“ наведува дека Распопова на своите роднини им кажала дека авионот бил „манипулиран на чуден начин“ пред последниот лет и дека поправките што биле направени биле „неразбирливи“.
Во средата наутро таа на социјалните мрежи објави фотографија од појадокот и куферот со зборовите „Кабина“.
Инаку, Распопова беше разведена, а нејзиниот брат е Евгениј Распопов, заменик обвинител на Јеманжелинск, во регионот Чељабинск.
Распопова се вработила во МНТ Аеро, која е сопственик на авионот што се урна, а од Москва се преселила да живее во Санкт Петербург.
Пред тоа работела и во деловната авијација.
– Авионот бил на итна поправка. Го чекаа летот. Тоа беше некаква поправка, ништо посебно. Стигнаа до авионот и беа подготвени да одат. Се беше во ред. Таа рече дека дестинацијата била во Русија. Чекаа да бидат повикани – изјавил еден од роднините на стјуардесата.
– За поправката таа рече дека е или одржување или поправка. Чекаа наредба да си заминат – додал роднината.
Таа почина заедно со уште девет патници и членови на екипажот во регионот Твер.
Британските разузнавачки извори претходно денеска изјавија за Би-Би-Си дека имаат причина да се сомневаат дека руската домашна безбедносна служба ФСБ стои зад авионската несреќа.
Но, смртта на Пригожин сè уште не е официјално потврдена, што доведе до шпекулации дека шефот на Вагнер можеби се уште е жив.
Се сомнева дека во падот на авионот во кој се наоѓал Евгениј Пригожин учествувал неговиот личен пилот Артем Степанов, поранешниот основач на МНТ Аеро, јавуваат руските медиуми.
Водечкиот истражувачки новинар за руски прашања, Христо Грозев, пред само 10 дена даде изјава во која прецизираше дека во рок од шест месеци или Пригожин ќе умре или ќе се случи нов државен удар.