1.1K
Фронтменот на популарната група Галија, Ненад Милосављевиќ, познат во јавноста како Неша Галија, има мини турнеја низ Македонија.
Во петокот тој настапи во локал во Скопје, во саботата во ноќен клуб во Неготино, а пак вечерва по повод Свети Валентин и Свети Трифун, ќе гостува во ресторан во Струмица.
На 5-ти март пак, закажано е негово гостување во дискотека во Штип.
Настаните се во организација на продукција Сцена, од каде најавуваат и голем концерт на бендот во Скопје оваа година.
За време на настапите, Неша ги изведува старите хитови во акустичен формат, а неговите евергрини остануваат еден вид на рок лектира на сите генерации од поранешните Ју републики.
Вики Клинчарова