593
На улиците на Атина избувнаа немири по големата трагедија утрово кај Лариса, кога во судир на два воза загинаа над 40 лица, а 60 се водат за исчезнати.
Голем број демонстранти излегоа на улиците, гневни на Владата што ја приватизираше железничката компанија Хеленик Трејн, која во моментов управува со патнички и товарни возови. Полицијата се обиде да ги спречи демонстрантите со солзавец.