Во 2021 година македонските граѓани ќе имаат пет продолжени викенди. Од вкупно 11 неработни денови за сите граѓани, пет се поврзуваат со викендот, за разлика од годинава, кога имаше шест продолжени празнични викенди.
Првиот продолжен викенд за сите граѓани ќе биде за време на новогодишните празници, кога неработен ден е 1 јануари, петок.
Втор неработен ден кој се спојува со викенд е 3 мај, вториот ден на христијанскиот празник Велигден.
Продолжен викенд ќе има и за 24 Мај – Ден на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, кој е неработен ден и е во понеделник.
Граѓаните ќе имаат продолжен викенд и за Денот на Републиката – 2 Август, кој догодина е во понеделник. Денот на народното востание – 11 Октомври е уште еден неработен ден што се врзува со викенд, бидејќи, исто така, е во понеделник.
За сите граѓани неработни денови се и Божик – 7 јануари (четврток), 1 Мај (сабота), 13 мај Рамазан Бајрам, Денот на независноста – 8 Септември (среда), Денот на Македонската Револуционерна Борба 23 Октомври (сабота), 8 Декември – Свети Климент Охридски (среда).
За граѓаните од православна вероисповед неработни се и Бадник, 6 јануари, ден пред Божик, 19 јануари – Богојавление (вторник), 30 април Велипеток пред празникот Велигден, и 18 јуни (петок) за Духовден. Неработен ден за нив е и 28 август (сабота), Успение на пресвета Богородица.
За граѓаните од католичка вероисповед неработни се и 5 април (понеделник) – Велигден, вториот ден на Велигден, 1 ноември – понеделник, Празникот на сите светци, како и 25 декември (сабота) – првиот ден на Божик.
За граѓаните од муслиманска вероисповед неработен е и 20 јули (вторник) – Курбан бајрам.
Програма на неработни денови за 2021 година
Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2021 година неработни денови се:
За сите граѓани
- 01 јануари (петок), Нова Година,
- 07 јануари (четврток), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар,
- 01 мај (сабота), Ден на трудот,
- 03 мај (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
- 13 мај (четврток), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, • 24 мај (понеделник) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители,
- 02 август (понеделник), Ден на Републиката,
- 8 септември (среда), Ден на независноста,
- 11 октомври (понеделник), Ден на народното востание,
- 23 октомври (сабота), Ден на Македонската Револуционерна Борба,
- 8 декември (среда), “Св. Климент Охридски”,
За граѓаните од православна вероисповед
- 06 јануари (среда), Бадник, ден пред Божик,
- 19 јануари (вторник), Богојавление (Водици),
- 30 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
- 18 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
- 28 август (сабота), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица). За граѓаните од католичка вероисповед
- 05 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
- 01 ноември (понеделник), Празникот на сите светци,
- 25 декември (сабота), првиот ден на Божик.
За граѓаните од муслиманска вероисповед
- 20 Јули (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
- 22 ноември (понеделник), Ден на Албанската азбука,
За граѓаните припадници на српската заедница во РМ
- 27 јануари (среда), Свети Сава,
За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ
- 08 април (четврток), Меѓународен ден на Ромите,
За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ
- 23 мај (недела), Национален ден на Власите,
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
- 16 септември (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
- 28 септември (вторник), Меѓународен ден на Бошњаците,
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
- 21 декември (вторник), Ден на настава на турски јазик.