411
Непознато лице утрово се фрлило од мостот Близнак во реката Вардар, соопшти Центарот за управување со кризи.
-На ден 11.12.2022 година во 06:00 часот на 112 во Центарот за управување со кризи е добиено известување дека непознато лице од Мостот Близнак на Булевар Србија се фрлило во речното корито во надојдените води на реката Вардар, соопшти ЦУК.
На лице место се излезени екипи од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје како и екипи на МВР, а ангажирани биле и специјализираните тимови за претрага во води од Дирекцијата за заштита и спасување.