403
Вчера попладне, 51-годишна скопјанка во Полициската станица Центар пријавила дека завчера попладне на улица „Борка Талевски“ непознато лице ја вознемирувало нејзината 12-годишна ќерка.
„Сторителот ја пресретнал и почнал непристојно да и зборува, по што се обидел физички да ја нападне, но девојчето избегало и не се пријавени повреди. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот“, соопштија од полицијата.