Непознати лица во Гевгелија кршеле урбана опрема, палми и дрвца за време на полициски час

by Fokus

Невиден вандализам се случичил синоќа во Гевгелија на централното градско шеталиште каде за време на полицискиот час од страна на непознати сторители биле искршени повеќе жардинери пред државни и приватни објекти, урбана опрема, а биле искршени и палми и украсни дрвца пред фонтаната на хотел во градот.

Во овие тешки моменти кога сите се загрижени за заштита на личното и колективното здравје од корона вирусот, граѓаните се згрозени од досега незабележениот вандализам во овој град.

Градоначалникот Сашо Поцков остро го осуди овој нечовечки чин и утринава побара од органите на прогонот под итно да се преземат мерки за откривање и санкционирање на сторителите на вандализамот.

Припадници на ОВР Гевгелија извршија увид на терен и во тек е прегледување на снимки од видео надзорите на неколку угостителски објекти заради откривање на идентитетот на сторителите.

Вработените на јавното комунално претпријатие претпладнево извршија целосна замена и обнова на искршените жардинери, оштетеното цвеќе и искршените дрвца.

Поврзани новости