Преку социјалните мрежи е испратен повик за помош од хендикепираниот Драги Лулевиќ, болен од хемофилија, кој живее со својата 72-годишна мајка во трошна куќа во Чучер Сандево. На Драги му е дијагностицирана хемофилија и низ годините болеста го оставила неподвижен.
Тој има 48 години и живее со својата мајка, баба Аница, во куќа која се распаѓа и која нема купатило. Баба Аница е врзана за креветот поради големи болки од реума, а оштетеното срце не и дозволува да се оперира и да стави протеза на колкот. Велат најтешко им паѓа тоа што немаат тоалет.
Драги испрати молба до граѓаните да му помогнат со донирање на градежни материјали за да изггради мал адаптиран објект кој ќе им го олесни животот.
„Почитувани сакам конкретно да дадам една целосна слика за основни потреби, како што се гледа куќава е очајна, ако е можно кој колку може да помогне да имам 2 соби во дворот во средина, едно купатило со мал ходник, вкупно потребно е 4 врати, една влезна и 3 внатрешни, 2 прозора + едно купатилско, веќе керамиди ми донираа сега едно по едно ќе склопуваме, малку по малку да се симнеме од старава куќа мајка ми е 72 години и навистина тешко е болна јас не можам многу да дигам тешко и онака сум тоталка инвалид, имам 3 протези на двете нозе ама пак се крепиме во функција сум, треба уште нови 3 операции, да сменам уште едно колено протеза и 2 скочни зглоба кои ми се 100% оштетени. Полека но сигурно ќе биде подобро, благодарам на сите“, пишува Драги.
Тој со години е активен во граѓанскиот сектор и се залага за правата на лицата кои боледуваат од ретки болести и лицата кои живеат во сиромаштија. Примател е на додаток за туѓа нега и семејна пензија, но вели дека поголемиот дел од семејниот буџет се троши за лекови, лекарски прегледи, за прехрана и огревно дрво.
„Услoвите се тешки пoрaди прoгресијaтa нa бoлестa нa мoјaтa мaјкa. Веќе е мнoгу тежoк трaнспoртoт дo бoлницa пoрaди скaлилaтa и зa двaјцaтa, a вoеднo и непристaпнoстa нa пoстoјaниoт oбјект зa приближувaње нa вoзилo. Oвaa неделa oд дoбрoнaмерни сoседи се рaсчистувa земјениoт пaт кoј се стaви вo функцијa нo истиoт сo првиoт дoжд пoвтoрнo ке е нефункциoнaлен. Дoкoлку успееме дa гo рекoнструирaме пaтoт и изгрaдиме минимaлен oбјект сo рaмпa зa кoличкa немa дa oстaнеме и oвaa есен и зимa oстaвени oтцепени нa милoстa нa времетo“, вели тој.
За да се исполни желбата на Драги и неговата мајка да имаат достоинствен живот, потребни им се градежни материјали, тули и цемент како би изградиле скромен и топол дом.
Наскоро ќе биде отворен и телефонски број за уплаќање на финансиска помош, а до тогаш, ова е адресата и телефонот за контакт: Драги Лулевиќ Ул.2 Бр.101 Општина Чучер-Сандево Скопје Телефон: 071 796 247 Телефон Стефан Коцев: 078 412 573.