Неподвижна жена загина во пожар во Охрид

by Fokus

Седумдесет и едногодишна охриѓанка починала утрово, откако околу 07.15 часот во стан на улица Туристичка во Охрид, во нејзиниот стан од засега непознати причини, избувнал пожар, информираа од МВР.

Според информации од полицијата, таа живеела сама и била неподвижна. Смрт констатирала екипа од итна медицинска помош, а пожарот бил изгаснат.

Основното јавно обвинителство соопшти дека по пријава од сосед за пожарот, надлежен обвинител направил увид заедно со екипа од Министерството за внатрешни работи. Опожарениот стан што се наоѓа на високо приземје во повеќекатница бил веднаш изгаснат од противпожарната служба и е констатирано дека е почината жена на возраст од седумдесет и една година.

 

Поврзани новости