Родителите на децата сместени во Клиниката за детски болести – Козле, во писмо упатено до А1он, се пожалија за условите во клиниката.
Неподнослив мириз од канализациониот систем на болницата, како и мувла во просториите на установата. Според родителите ова е показател колку „квалитетно“ и „плански“ била изведена болницата.
Родителите на децата упатија молба до надлежните органи некако да се реши овој проблем и под итно да се спроведе инспекција и увид.
„Ова е огромен проблем кој го загрозува здравјето на децата и на околните жители на населбата“, се вели во писмото.
„Застрашувачки е фактот што болницата веќе има два затворени оддели поради појава на мувла. Долго време не е превземено апсолутно ништо во врска со самата болница, освен со техничкиот дел на изведбата кој ќе биде предмет на истражување на квалитетот на градбата и вградените материјали во самата болница“, пишуваат загрижените родители.
Жалби има и поради недостаток на персонал и некапацитетно искористување на постоечките капацитети на оваа установа од здравствен карактер.