Непал ги затвора училиштата поради корона вирусот

by fokus

Непалските власти одлучија да ги затворат училиштата, откако пред речиси три недели на учениците им беше дозволено повторно да влезат во училниците, јави ДПА.

Мерката е поврзана со наглото зголемување на заразените со корона вирус во државата. Основните и средните училишта ќе останат затворени до 29 јануари, изјави портпаролот на Министерството за образование Дипак Шарма. Тој рече дека властите соработуваат со училиштата за да ги вакцинираат децата на возраст меѓу 12 и 17 години за време на затворањето.

Урбаните училишта обезбедија онлајн настава, но многу деца, особено во руралните области, имаат ограничен пристап до електрична енергија, интернет и паметни телефони. Властите, исто така, одлучија да забранат масовни собири на повеќе од 25 луѓе и да го запрат пристапот на невакцинираните до хотелите, рестораните и кината. Се разговара и за плановите од 21 јануари јавните услуги да бидат достапни само за вакцинирани лица.

Се уште не е јасно колку долго ќе траат новите мерки, имајќи предвид дека само 37 отсто од луѓето во Непал имаат примено две дози од вакцината против корона вирус.

Поврзани новости