Неофицијално: Ставот на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде секој граѓанин сам да одлучи како да гласа на референдумот

by fokus

Ставот за референдумот, што ВМРО-ДПМНЕ вечерва го носи на состанок на Извршниот и Централниот комитет ќе биде секој граѓанин сам да одлучи како да гласа, неофицијално дознава „Фокус“.

Сепак, до крајот на заседавањето на Централниот комитет може да дојде и до промена, бидејќи има несогласување и различни ставови во партијата, односно ставот не е едногласен.

Се очекува за еден час претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во официјална изјава да го соопшти конечниот партиски став.

 

Поврзани новости