Иако, од МВР официјално не потврдуваат, сепак дел од медиумите пренесуваат дека полицијата вечерва во своите домови не успеала да ги пронајде ниту Горан Грујевски, ниту Никола Бошковски, кои треба да бидат спроведени во притвор во истражниот затвор Шутка.
Според нашите информации, откако се добиени решенијата по 21 часот, полицијата веднаш отишла по двајцата обвинети за да ги спроведе во притвор, но досега од министерството нема официјални информации дали Грујевски и Бошковски се пронајдени.
Врховниот суд денеска во текот на денот ги потврди одлуките на Апелација, така што овој суд одлучи од притвор сепак да се спаси Тони Јакимовски, поранешен шеф на кабинетот на Сашо Мијалков. Наместо во притвор, врховните судии одлучиле да му се одземе и дипломатскиот пасош