Неочекувано, украинскиот претседател Володимир Зеленски го откажал за денеска закажаното обраќање пред американскиот Конгрес поради настан „во последен момент“, изјави лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер.
– Зеленски не може да се појави на нашиот брифинг во 15 часот, нешто се случи во последен момент – изјавил Шумер.
Тој требаше преку видео врска да зборува пред американскиот Конгрес со надеж дека ќе влијае на Конгресот да одобри нов пакет помош за неговата земја.
Вашингтон дава најголема воена помош за Киев, и даде десетици милијарди долари од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година.
Ветувањето на Џо Бајден дека ќе продолжи со финансиска поддршка на Украина е сериозно доведено во прашање, што би било погубно за Киев, чија разочарувачка контраофанзива не ги донесе очекуваните територијални придобивки.
Во Сенатот, каде демократите се мнозинство, опозициските републиканци се за поддршка на Украина.
Украинските власти велат дека им треба повеќе оружје за да избегнат руски напади кои ќе ја уништат енергетската инфраструктура и ќе остават милиони луѓе во темница оваа зима, како што се случи минатата година.