Неочекуван трансфер: Пандев заедно со Буфон во Парма!

by fokus

Поранешниот капитен на македонската фудбалска репрезентација и легенда на македонскиот фудбал, Горан Пандев направи неочекуван трансфер на последниот ден од зимскиот преоден рок.

Тој денеска потпиша договор со италијанскиот второлигаш Парма, каде брани легендарниот Џанлуиџи Буфон.

Парма ќе биде седми тим за Пандев во Италија. Преку Интер, Специја и Анкона, струмичкиот фудбалер дојде до Лацио, па играше повторно за „нераѕурите“.

Пандев играше и за Наполи пред да замине на кратка авантура во Галатасарај и потоа се врати во Серија А во тимот на Џенова каде помина седум сезони,а се очекуваше таму и да ја заврши кариерата.

 

Поврзани новости