Ненаменско трошење пари во Ансамблот за албански ора, директорот му пее „на увце“ на Ахмети

by fokus

„Фокус“ во септември минатата година пишуваше за тоа како Ансамблот за албански народни ора и песни ги троши парите и како работи во однос на транспарентноста.

Изгледа некој од Министерството за култура го прочитал нашиот текст, па во текот на октомври Секторот за управен и инспекциски надзор извршил вонреден инспекциски надзор.

При надзорот било утврдено и ненаменско трошење на пари.

 Извршен вонреден инспекциски надзор и при тоа, меѓудругото е утврден прекршок по член 70-а став (4), казнив по член 91-а став (1) алинеја 7 и став (2) од Законот за културата, односно ненаменско трошење на дел од преведените средства од Буџетот на РСМ, преку МК за 2020 година, потврдуваат од Министерството.

Спроведена е постапка за порамнување и е издаден прекршочен платен налог на одговорното лице на Установата, директорот Шкодран Толај, а глобата е платена во законски предвидениот рок (за сторен прекршок по Законот за културата).

И тука сѐ завршува. Освен прекршочниот платен налог, никој не бара одговорност од директорот за кој е утврдено дека ненаменски трошел народни пари. До затворањето на бројот, директорот Толај не одговори на нашите прашања испратени на официјалната мејл адреса на Ансамблот.

Шкодран Толај, оперскиот тенор од Косово на чело на Ансамблот е од 2019 година.

На Фејсбук може да се најде и едно видео кое го објавил Толај каде тој и неговата сопруга му пеат на Ахмети „на уво“ вечерта по вториот круг од локалните избори кои се одржаа лани. На видеото Толај напишал: Xhaxhi!, што во превод значи вујко/чичко.

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

 

Поврзани новости