Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Ненад Димитријевиќ е МВП на четвртото коло од квалификациите за Евробаскет 2025.
Тој успеа да го израмни рекордот на евро-квалификациите, откако е воведен овој нов формат.
На средбата во неделата со Литванија во Клаипеда, реализираше 43 поени, ефект што е во ранг на оној кој пред неколку дена го направи репрезентативецот на Германија, Давид Крамер.
Сепак, неговата одлична партија не беше доволна за Македонија да ја изненади Литванија на гостински терен.
Димитријевиќ постигна седум тројки, имаше и шест асистенции, четири скока, и три освоени топки, доволно за индекс 40.
Во ТОП 5 ова квалификациско коло се најдоа и Чеди Осман, кошаркарот на Турција (роден во Охрид) со 36 индексни поени, потоа Камар Болдвин од Грузија, Матеуш Понитка (Полска) и Ондреј Балвин од Чешка.