Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Ненад Димитијевиќ е прогласен за најдобар играч во ВТБ лигата оваа сезона.
Признанието за Димитриевиќ се однесува за регуларниот дел од сезоната во кој неговиот тим – Уникс Казањ го заврши на првото место на табелата.
Во пласманот на клубот македонскиот ас придонесе со просек од 19 поени, 6,6 асистенции, 3,6 скока и 1,3 украдени топки на вкупно 35 натпревари.
– За мене е голема чест да бидам избран за МВП на ВТБ лигата за регуларниот дел од сезоната. Мислам дека тоа е одраз на одличната тимска работа што ја завршивме во текот на сезоната, победивме на големи натпревари и го обезбедивме првото место во регуларниот дел од сезоната. Би сакал да им се заблагодарам на ВТБ лигата, на мојот клуб УНИКС, на стручниот штаб на чело со Велимир Перасовиќ, на медицинскиот персонал и на нашите посветени навивачи. Сакам посебно да ги споменам моите соиграчи кои ми помогнаа да станам подобар играч“ рече Димитриевиќ.